/
  • Streaming + Download

     

lyrics

доста доста доста доста
доста беше спиење, сите сме во кома
доаѓаат времиња, ќе ни биде страв да излеземе од дома
ова е храбар нов свет, сите сме на Сома
режирана историја во илјада тома
позиција-опозиција, сè е коалиција
политиката е пичка, тоа е традиција
очи имаш - не гледаш, уши имаш - не слушаш
сè е супер изрежирано, ич да не се посомневаш и освестиш
дека ти само го примаш семето на стравот
и копнежот по заборавот
вековите минуваат, системите се исти
се шминкаат и дотеруваат но суштината е една - воопшто да не се менуваат
сè е предвидено, сè е запишано
ѓаволот си игра со нас, цел му е договор со него да имаме потпишано
џабе филозофија, џабе елементи, каде е радоста, каде се среќните моменти?
сите сме робови на некои чудни сегменти
свесно поставени демек има опоненти
шминки и фасади околу нас еден куп
тоа да не го гледаш брат стварно треба да си труп
големите архитекти сакаат сите да сме им зомби
да нè контролираат, на мозоците да ни стават пломби
комунизам и демократија - тоа е еден свет
имаш едно, копнееш по друго и ете ти неред
а тоа им е план, на плеќи да ти постават поголем терет
гетоизирана инфекција, совршена фавела
тоа го креира оваа стручна фела
на тони страв и заплашување, тоа се нивни дела
луѓето се статистика, уште неродени да бидат мртви тела
ма какви револуции, соборувања диктатори
се убиваат браќа со браќа како терминатори
сè се тоа експерименти на главните експлоататори
во матрицата на изопаченоста ние луѓето живееме
проклето ме боли што вака ни е супер
и ништо не сакаме да промениме
зависни од страсти и пари, мислам никогаш нема да се смениме
нема да се промениме, не, не, не, не, не, ние нема да се смениме
најновата верзија им се вика техноленд
нуди хамбургер и кока-кола, патување во Дизниленд
главен елемент е во џебот мобилен
сè е платено со кредит и на рати, потпишуваш со крв дека ќе се врати
сè што си изел на крај ќе посереш
оти скроено е сè стомакот да налага како ти ќе живееш
хедонизмот ни е библија, најголем сон
а погледни подобро, тоа е само надуван балон
искинат кутон исполнет со туѓа крв еден тон
во овој театар секој е со маска
сè е дресура, апстракција и стилска фигура
и јас сум исто бројка, подложена на дресура
растена со цензура на таа структура што се занимава со архитектура
преку кур ми е од нив да знаете!

credits

from Шегата седна на WC шолја, released July 24, 2014

tags

license

about

Airless Project Macedonia

~post-everything experimental music~
Vladimir Mitreski is a bedroom DIY electronic musician from Prilep, Republic of Macedonia, who started making music as 'Airless Project' in 2002, His style varies and evolves within his albums, and could be loosely described as ambient-influenced electronica with subtle touches of IDM, downtempo/chillout, abstract, glitch, post-rock and experimental. ... more

contact / help

Contact Airless Project

Streaming and
Download help