Розови Очила (Pink Glasses)

from by anonYmous pRoject

/
  •  

lyrics

Драма, штама, секој ден е фама
се будиш брат - иста панорама
црно и бело, демек ни е весело
циркузи и игри, сите сме на сред село
разни видици, разна перспектива
суровата реалност е очајна и сива
погледни лево, погледни десно
нема смеа брат, сè е закрвено и бесно
само хегемонија, само уништување
нема брату надеж, нема просветлување
лет во место, митови и сказни
приказни за мали деца убави и разни
чудна историја, чудно време
чудни црнила секој ден живееме
геџет лево, геџет десно
сè е лесно, брзо и тесно

Розови очила

На вести гледаме само хистерија
купен простор до нова рафинерија
сè е на продажба, сè е бижутерија
големиот брат води парфимерија
опојни мириси, дневна хипноза
биди онлајн, прими нова доза
само блени, нема нервоза
ти си конзумент, живеј во хипноза
живеј под наркоза, радосно и празно
сè е идеално, сè е мазно
сè е опуштено, твитни, лајк
мониторот светоглед, столицата е рај
закован уживај, сурфај и кулирај
без волја само седи и стонирај
ќути и преживај, не реагирај
нова мантра во себе инсталирај

Розови очила

Глобално село ни се протежира
конзументот се дресира глобално да бира
глобално да ждере што му се сервира
стил и мода - исто значење
ти си програмиран да немаш свое знаење
време е за отпор, време е за борба
доста ни е живот со главата во торба
но пасеран, барикади
време е за нов свет одма да се гради
доста ни се флоскули, лажни паради
рецесија и беда не е етапа
тоа е циклус за минимална плата
разбуди се и види што се случува
место тебе кој одлучува
време е да се сопре, да се стави крај
време е за нов почеток, за нов сјај БЕЗ
Розови очила

credits

from Шегата седна на WC шолја, released July 24, 2014

tags

license

about

Airless Project Macedonia

~post-everything experimental music~
Vladimir Mitreski is a bedroom DIY electronic musician from Prilep, Republic of Macedonia, who started making music as 'Airless Project' in 2002, His style varies and evolves within his albums, and could be loosely described as ambient-influenced electronica with subtle touches of IDM, downtempo/chillout, abstract, glitch, post-rock and experimental. ... more

contact / help

Contact Airless Project

Streaming and
Download help