Занимација (Pastimes)

from by anonYmous pRoject

/
  • Streaming + Download

     

lyrics

Турбо-фолк култура нон-стоп ни се фура
низ медиумите ни се растура
психотични серии со монструозни пикантерии
се претворија во сфери на масовни интереси
нема едукација, само сегрегација,
крајната цел им е вкупна девалвација

Лично однесување без морал и етика
нам ни се нуди како врвна естетика
во риалити програми се шетаат дегени
ги гледаме во прајм-тајм ко' да сме кретени
а тие морони еднакви на гноми
имаат за цел да нè направат полтрони

Моќ на медиумите ајде да не глумиме
е да контролираат, да се избезумиме
ич да не се чудиме, ич да не ги кудиме
ако не ги гледаме чиниш ќе полудиме
во оазата на мирот до канцерот и чирот
најбргу се стигнува преку телевизорот

Хороскопи, хипнози, масовни прогнози
најпродавана се стока во нивните излози
спинувани вистини спакувани во вести
ги рецитираат по стопати да ги научиме ко' песни
врвна корпорација со преокупација
перењето на мозок како крајна дестинација
тоа е гаранција за ептен здрава нација
главна комбинација е контаминација
со манипулација на секој став вистински и прав
сеење на ветер, магла, паника и страв
така секој клиент е исполнет и здрав

Лично расудување, врвно оглупување
тоа е нирвана, тоа е олеснување
вистинската вистина им е ставена под тепих
нема споделување, нема согледување
креирање на кризи, врвни анализи
готови девизи им се главните франшизи

Моќ на медиумите ајде да не глумиме
е да контролираат, да се избезумиме
ич да не се чудиме, ич да не ги кудиме
ако не ги гледаме чиниш ќе полудиме
во оазата на мирот до канцерот и чирот
најбргу се стигнува преку телевизорот

Не е битно чии се и кој ги плаќа
од сè што ни нудат главно ми се повраќа
мозокот ми чади од медиумските бригади
заради масовноста на шундот на виделина што се вади
ме стега стомак, ептен ми се гади
така образуваат и нè отупуваат
интелектуално нè осакатуваат
не се издржува нивната бруталност
кога ја продаваат филуваната реалност

Човечкото его, знам, сака да контролира
ама секој има право да расудува и бира
да се труди, реагира
кога тривијалното како вкус му се сервира
секој има право од срце да инсистира
ваквата лакрдија веднаш да стопира
фрли го даљинското, тоа те сторнира
како роб на пропагандата вечно те фиксира
отвори ги очите, така се кулира
кога телевизорот не се констатира.

credits

from Шегата седна на WC шолја, released July 24, 2014

tags

license

about

Airless Project Macedonia

~post-everything experimental music~
Vladimir Mitreski is a bedroom DIY electronic musician from Prilep, Republic of Macedonia, who started making music as 'Airless Project' in 2002, His style varies and evolves within his albums, and could be loosely described as ambient-influenced electronica with subtle touches of IDM, downtempo/chillout, abstract, glitch, post-rock and experimental. ... more

contact / help

Contact Airless Project

Streaming and
Download help