/
  •  

lyrics

бес, омраза и бес
па да нема стрес
дали сте при свест
вие што сте вест?
ликувате ли дека сите сме во несвест?
главни сте на прајм-тајм ама сте без совест

ксенофобија, расизам,
до вчера непостоечки а сега на тони го има дуализам
влеговте во фанатизам еднаков на фашизам
религиозно ли се фурате, аман немојте, само се фолирате
бидејќи сте на власт и сè контролирате
размислувате ли дека туѓи години поебувате
додека само гнетите и стомаците ги надувувате
радикални Македонци, радикални Албанци, радикални попови, оџи
радикализмот ви стана книга на животот, тој ве храни, тој ве води
најжалосно од сè е - и голем дел од нас вози
закрвувате брат со брат толку наивно
додека во позадина правите тендер
за изградба на уште еден споменик или спрат
креиран од некој ваш монструозен партиски гад
мито и корупција на секој чекор
а се продаваат митови и бајки за антики и ветерани
кои не нашле солуција за државата да им опстане
Македонија со сила ја правите аморфна маса
географска територија во која на Македонецот и Албанецот
им го пика кој ќе втаса
вработувате, уценувате, не плаќате, со животи тргувате
најсветото, децата ги уништувате
кога ве гледаат како се однесувате
треба ли крв, брат со брат да се убива
тоа да ни е крајниот дострел,
тоа да ни е суштина, тоа да ни е врв,
не ве јаде ли црв кога легнувате да спиете или сè е рутина
вие промовирате цврста рака и контролирана целина
повелете и објаснете која религија тоа го пропагира
бидејќи сите до еден сте етичари и моралисти за на ТВ
а од друга страна дај што повеќе да се ограби
пастири и папи се изнагледавме во нашите животни етапи
сите тие циклуси за народот излегоа прескапи
сè поосиромашен и беден, едвај сврзува крај со крај
за ЕВН сè е исто, Јануари, Февруари, Април или Мај
мислите контролирате раја која не е вредна да се есапи
на ова тло сме се изнагледале еден тон ко вас, ербапи
памти човекот што е добро, што е лошо,
така и Сeвишниот дава на тиранинот и на крајот мери
овдека моралот пајажина фати
битно е естаблишментот да е сит, рајата кој ја мати
вие живеете од тендери а не од плати
ќе дојде ден секој од вас ќе поврати сè што украл
и до денар ќе врати

Македонија била секогаш во јарем
Македонија била голема до Персија
Македонија била Византија, а била и харем
мислите Македонија има желудник за сè, зарем?
единствена цел ви е да владеете со проста класа
да ја обезличите за да не познава раса
да се продава за туѓи пасоши, да биде сита
за вечно вие да владеете и да бидете елита
ќе дојде ден народот ќе почне да каса
оти стомакот бара леб, а не "излези момче право на тераса"

credits

from Шегата седна на WC шолја, released July 24, 2014

tags

license

feeds

feeds for this album, this artist

about

Airless Project Macedonia

~post-everything experimental music~
Vladimir Mitreski is a bedroom DIY electronic musician from Prilep, Republic of Macedonia, who started making music as 'Airless Project' in 2002, His style varies and evolves within his albums, and could be loosely described as ambient-influenced electronica with subtle touches of IDM, downtempo/chillout, abstract, glitch, post-rock and experimental. ... more

contact / help

Contact Airless Project

Streaming and
Download help