lyrics
Саатите минуваат, минутите и секундите уште побрзо
тоа е општо правило, секој може да го сфати
космосот се шири, а каде?
мир и љубов, тоа е посланието Бог што ви го прати
скриената рака вели слободната волја одземена била
напротив, оставен бил избор, ама прво Ева
па Адам тоа касно го сфати
Од тој момент човекот трча
просто кажано по поголеми плати, палати
и сите луксузи останати кои змијата ги прати
филозофии, религии, митови, култови, илуминати
Алфа, Омега, черепи, коски, клубови
зар тоа треба да се стубови
на нашите човечки трудови
животот да се сфати и прифати
Погледни горе на небото
мир и љубов, тоа е посланието Бог што ни го прати
Патетични будалаштини, Дарвинизми, еволуции
амеби, алги, веќе и самата наука ги отфрла
како неточни резултати
кои тешко кој веќе може да ги прифати
слободната волја и изборот даваат секогаш
прецизни егземплари
изборот го донесе Ниче, цехот Хитлер го наплати
Погледни горе на небото
мир и љубов, тоа е посланието Бог што ни го прати
Не прави никому тоа што не сакаш тебе да ти го прават
ова мора да се научи и да се прифати
змијата нуди секогаш нови задоволства
препарати, апарати, ама кој да сфати?
Тоа нема врска со слободната волја
туку нештата да се прифатат како слобода на избор
тоа на крајот се мери
оттука доаѓаат крајните резултати
ако некој сака слободно од јаболкото на спознанието
да касне за да сфати, тоа е негов избор
на крајот, можеби го проширил видикот, научил и сфатил
а можеби само направил пекол и со тоа цехот го платил
смислата на животот ја бараме сите
некогаш во детството, некогаш при крајот на дните
Погледни горе на небото
мир и љубов, тоа е посланието Бог што ни го прати
Погледни добро, космосот се еони и етапи
математички прецизно сегментирани, но кој да ги сфати?
овде е трка за пари, оружје и нафта
спореди ја оваа хистерија со хектар земја
зграби од неа колку една дланка
ти ќе видиш невина прав која сите нè храни
човештвото кон тоа треба да се врати
што ќе ни се азна, дворци, пари, бесови и палати?
Погледни горе на небото
мир и љубов, тоа е посланието Бог што ни го прати
credits
license