We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Ш​е​г​а​т​а с​е​д​н​а на WC ш​о​л​ј​а

by anonYmous pRoject

/
  • Streaming + Download

    Purchasable with gift card

     

1.
манипулаторот манипулира вистината ја карикира фактите кои ги сервира нон-стоп ги первертира само глуми, се глупира вечно се фолира погрешно цитира нон-стоп популизам фризира го читам ко лектира манипулаторот манипулаторот манипулира со вистината жонглира се крие, имитира секаде сака да парира манипулаторот скенира информации складира секогаш кајмакот на крај тој го збира сите потези му се празни по цел ден раскажува сказни неговото друштво само со неговото его се преокупира така се исполнува неговата желба за доминација тоа, верувајте, најмногу го откачува тоа му е најголемата сатисфакција манипулаторот пред сите нас мастурбира око не му трепнува зад него стои маса која само вриска и му аплаудира манипулаторот манипулаторот за жал веќе сите нас нè контролира сите имаме тикет за во неговиот харем и кој ќе го посака може инстантно да му стане конкубина таков си е тој по навика секаде во Пакистан, Корзика, Кина Малезија, Гренланд, Америка, Канада, Палестина ама баш секаде каде и да замислите на земјинава површина него такво право дадено му е совршено да нè манипулира манипулаторот мисли дека ме фрустрира кога манипулира за да ме изнервира вистина ви велам, се ближи крај на неговиот манипулаторски сјај доаѓа време ние манипулираните да го ставиме на тапет и да ни стане наш главен таргет! Anonymous Forever!
2.
Драма, штама, секој ден е фама се будиш брат - иста панорама црно и бело, демек ни е весело циркузи и игри, сите сме на сред село разни видици, разна перспектива суровата реалност е очајна и сива погледни лево, погледни десно нема смеа брат, сè е закрвено и бесно само хегемонија, само уништување нема брату надеж, нема просветлување лет во место, митови и сказни приказни за мали деца убави и разни чудна историја, чудно време чудни црнила секој ден живееме геџет лево, геџет десно сè е лесно, брзо и тесно Розови очила На вести гледаме само хистерија купен простор до нова рафинерија сè е на продажба, сè е бижутерија големиот брат води парфимерија опојни мириси, дневна хипноза биди онлајн, прими нова доза само блени, нема нервоза ти си конзумент, живеј во хипноза живеј под наркоза, радосно и празно сè е идеално, сè е мазно сè е опуштено, твитни, лајк мониторот светоглед, столицата е рај закован уживај, сурфај и кулирај без волја само седи и стонирај ќути и преживај, не реагирај нова мантра во себе инсталирај Розови очила Глобално село ни се протежира конзументот се дресира глобално да бира глобално да ждере што му се сервира стил и мода - исто значење ти си програмиран да немаш свое знаење време е за отпор, време е за борба доста ни е живот со главата во торба но пасеран, барикади време е за нов свет одма да се гради доста ни се флоскули, лажни паради рецесија и беда не е етапа тоа е циклус за минимална плата разбуди се и види што се случува место тебе кој одлучува време е да се сопре, да се стави крај време е за нов почеток, за нов сјај БЕЗ Розови очила
3.
Soma 03:18
доста доста доста доста доста беше спиење, сите сме во кома доаѓаат времиња, ќе ни биде страв да излеземе од дома ова е храбар нов свет, сите сме на Сома режирана историја во илјада тома позиција-опозиција, сè е коалиција политиката е пичка, тоа е традиција очи имаш - не гледаш, уши имаш - не слушаш сè е супер изрежирано, ич да не се посомневаш и освестиш дека ти само го примаш семето на стравот и копнежот по заборавот вековите минуваат, системите се исти се шминкаат и дотеруваат но суштината е една - воопшто да не се менуваат сè е предвидено, сè е запишано ѓаволот си игра со нас, цел му е договор со него да имаме потпишано џабе филозофија, џабе елементи, каде е радоста, каде се среќните моменти? сите сме робови на некои чудни сегменти свесно поставени демек има опоненти шминки и фасади околу нас еден куп тоа да не го гледаш брат стварно треба да си труп големите архитекти сакаат сите да сме им зомби да нè контролираат, на мозоците да ни стават пломби комунизам и демократија - тоа е еден свет имаш едно, копнееш по друго и ете ти неред а тоа им е план, на плеќи да ти постават поголем терет гетоизирана инфекција, совршена фавела тоа го креира оваа стручна фела на тони страв и заплашување, тоа се нивни дела луѓето се статистика, уште неродени да бидат мртви тела ма какви револуции, соборувања диктатори се убиваат браќа со браќа како терминатори сè се тоа експерименти на главните експлоататори во матрицата на изопаченоста ние луѓето живееме проклето ме боли што вака ни е супер и ништо не сакаме да промениме зависни од страсти и пари, мислам никогаш нема да се смениме нема да се промениме, не, не, не, не, не, ние нема да се смениме најновата верзија им се вика техноленд нуди хамбургер и кока-кола, патување во Дизниленд главен елемент е во џебот мобилен сè е платено со кредит и на рати, потпишуваш со крв дека ќе се врати сè што си изел на крај ќе посереш оти скроено е сè стомакот да налага како ти ќе живееш хедонизмот ни е библија, најголем сон а погледни подобро, тоа е само надуван балон искинат кутон исполнет со туѓа крв еден тон во овој театар секој е со маска сè е дресура, апстракција и стилска фигура и јас сум исто бројка, подложена на дресура растена со цензура на таа структура што се занимава со архитектура преку кур ми е од нив да знаете!
4.
бес, омраза и бес па да нема стрес дали сте при свест вие што сте вест? ликувате ли дека сите сме во несвест? главни сте на прајм-тајм ама сте без совест ксенофобија, расизам, до вчера непостоечки а сега на тони го има дуализам влеговте во фанатизам еднаков на фашизам религиозно ли се фурате, аман немојте, само се фолирате бидејќи сте на власт и сè контролирате размислувате ли дека туѓи години поебувате додека само гнетите и стомаците ги надувувате радикални Македонци, радикални Албанци, радикални попови, оџи радикализмот ви стана книга на животот, тој ве храни, тој ве води најжалосно од сè е - и голем дел од нас вози закрвувате брат со брат толку наивно додека во позадина правите тендер за изградба на уште еден споменик или спрат креиран од некој ваш монструозен партиски гад мито и корупција на секој чекор а се продаваат митови и бајки за антики и ветерани кои не нашле солуција за државата да им опстане Македонија со сила ја правите аморфна маса географска територија во која на Македонецот и Албанецот им го пика кој ќе втаса вработувате, уценувате, не плаќате, со животи тргувате најсветото, децата ги уништувате кога ве гледаат како се однесувате треба ли крв, брат со брат да се убива тоа да ни е крајниот дострел, тоа да ни е суштина, тоа да ни е врв, не ве јаде ли црв кога легнувате да спиете или сè е рутина вие промовирате цврста рака и контролирана целина повелете и објаснете која религија тоа го пропагира бидејќи сите до еден сте етичари и моралисти за на ТВ а од друга страна дај што повеќе да се ограби пастири и папи се изнагледавме во нашите животни етапи сите тие циклуси за народот излегоа прескапи сè поосиромашен и беден, едвај сврзува крај со крај за ЕВН сè е исто, Јануари, Февруари, Април или Мај мислите контролирате раја која не е вредна да се есапи на ова тло сме се изнагледале еден тон ко вас, ербапи памти човекот што е добро, што е лошо, така и Сeвишниот дава на тиранинот и на крајот мери овдека моралот пајажина фати битно е естаблишментот да е сит, рајата кој ја мати вие живеете од тендери а не од плати ќе дојде ден секој од вас ќе поврати сè што украл и до денар ќе врати Македонија била секогаш во јарем Македонија била голема до Персија Македонија била Византија, а била и харем мислите Македонија има желудник за сè, зарем? единствена цел ви е да владеете со проста класа да ја обезличите за да не познава раса да се продава за туѓи пасоши, да биде сита за вечно вие да владеете и да бидете елита ќе дојде ден народот ќе почне да каса оти стомакот бара леб, а не "излези момче право на тераса"
5.
Турбо-фолк култура нон-стоп ни се фура низ медиумите ни се растура психотични серии со монструозни пикантерии се претворија во сфери на масовни интереси нема едукација, само сегрегација, крајната цел им е вкупна девалвација Лично однесување без морал и етика нам ни се нуди како врвна естетика во риалити програми се шетаат дегени ги гледаме во прајм-тајм ко' да сме кретени а тие морони еднакви на гноми имаат за цел да нè направат полтрони Моќ на медиумите ајде да не глумиме е да контролираат, да се избезумиме ич да не се чудиме, ич да не ги кудиме ако не ги гледаме чиниш ќе полудиме во оазата на мирот до канцерот и чирот најбргу се стигнува преку телевизорот Хороскопи, хипнози, масовни прогнози најпродавана се стока во нивните излози спинувани вистини спакувани во вести ги рецитираат по стопати да ги научиме ко' песни врвна корпорација со преокупација перењето на мозок како крајна дестинација тоа е гаранција за ептен здрава нација главна комбинација е контаминација со манипулација на секој став вистински и прав сеење на ветер, магла, паника и страв така секој клиент е исполнет и здрав Лично расудување, врвно оглупување тоа е нирвана, тоа е олеснување вистинската вистина им е ставена под тепих нема споделување, нема согледување креирање на кризи, врвни анализи готови девизи им се главните франшизи Моќ на медиумите ајде да не глумиме е да контролираат, да се избезумиме ич да не се чудиме, ич да не ги кудиме ако не ги гледаме чиниш ќе полудиме во оазата на мирот до канцерот и чирот најбргу се стигнува преку телевизорот Не е битно чии се и кој ги плаќа од сè што ни нудат главно ми се повраќа мозокот ми чади од медиумските бригади заради масовноста на шундот на виделина што се вади ме стега стомак, ептен ми се гади така образуваат и нè отупуваат интелектуално нè осакатуваат не се издржува нивната бруталност кога ја продаваат филуваната реалност Човечкото его, знам, сака да контролира ама секој има право да расудува и бира да се труди, реагира кога тривијалното како вкус му се сервира секој има право од срце да инсистира ваквата лакрдија веднаш да стопира фрли го даљинското, тоа те сторнира како роб на пропагандата вечно те фиксира отвори ги очите, така се кулира кога телевизорот не се констатира.
6.
Мозокот мирува, но под морето тече врел камен гробот подждригнува, ќе ми ги изглода коските ако застанам истетовираниот страв на твоите образи вреска ти си само негов потстанар смртно озбилен, без татко и без пријател Празни години околу тебе тажно летаат што ќе правиш ти со нив и што ќе прават тие со тебе ваков? Ти го ревидираше твојоп став сто педесет пати час си роден како машко, час како женско на кого му е гајле, сам знаеш - роден си ко пичка! Каде е границата? Не сум сигурен ни дека постои Што е целта? Или трчаме во круг без цел? Патот од тебе до мене е со илјада дупки, ко улица од чакал немам време да чекам да се убиеш Тргни ме, јас не сакам твојот инает со живот да го платам скрши ме, ете не успеав да сфатам убиј ме, ти тоа можеш да го направиш со секој Ако сè гледа, што се прави блесав, што не ги отера сите говна на небеса? Здивот на осветата кружи над мојата глава зар да убијам, да се престројам во твоето племе? Луѓето голтаат солзи, ги џвакаат сопствените заби тече крв од кровот на Соборниот Храм тежок случај на пекол, тешко дека има нешто пострашно. Нема ништо пострашно Разбуди ме пред да посакам да умрам во сон убиј ме, на сите за пример расчеречи го мојот труп тргни ме, јас знам за твојот страв, но тоа никој не смее да го знае Ако сè гледа, што се прави блесав, што не ги отера сите говна на небеса?
7.
Саатите минуваат, минутите и секундите уште побрзо тоа е општо правило, секој може да го сфати космосот се шири, а каде? мир и љубов, тоа е посланието Бог што ви го прати скриената рака вели слободната волја одземена била напротив, оставен бил избор, ама прво Ева па Адам тоа касно го сфати Од тој момент човекот трча просто кажано по поголеми плати, палати и сите луксузи останати кои змијата ги прати филозофии, религии, митови, култови, илуминати Алфа, Омега, черепи, коски, клубови зар тоа треба да се стубови на нашите човечки трудови животот да се сфати и прифати Погледни горе на небото мир и љубов, тоа е посланието Бог што ни го прати Патетични будалаштини, Дарвинизми, еволуции амеби, алги, веќе и самата наука ги отфрла како неточни резултати кои тешко кој веќе може да ги прифати слободната волја и изборот даваат секогаш прецизни егземплари изборот го донесе Ниче, цехот Хитлер го наплати Погледни горе на небото мир и љубов, тоа е посланието Бог што ни го прати Не прави никому тоа што не сакаш тебе да ти го прават ова мора да се научи и да се прифати змијата нуди секогаш нови задоволства препарати, апарати, ама кој да сфати? Тоа нема врска со слободната волја туку нештата да се прифатат како слобода на избор тоа на крајот се мери оттука доаѓаат крајните резултати ако некој сака слободно од јаболкото на спознанието да касне за да сфати, тоа е негов избор на крајот, можеби го проширил видикот, научил и сфатил а можеби само направил пекол и со тоа цехот го платил смислата на животот ја бараме сите некогаш во детството, некогаш при крајот на дните Погледни горе на небото мир и љубов, тоа е посланието Бог што ни го прати Погледни добро, космосот се еони и етапи математички прецизно сегментирани, но кој да ги сфати? овде е трка за пари, оружје и нафта спореди ја оваа хистерија со хектар земја зграби од неа колку една дланка ти ќе видиш невина прав која сите нè храни човештвото кон тоа треба да се врати што ќе ни се азна, дворци, пари, бесови и палати? Погледни горе на небото мир и љубов, тоа е посланието Бог што ни го прати
8.
9.
10.
11.

about

Anonymous Project is an experimental hip-hop duo from Prilep, R. of Macedonia active 2013-2014. The project was abruptly interrupted by the premature death of the vocalist Rampo Vasilevski. This album goes online in his loving memory.

credits

released July 24, 2014

Rampo Appo Vasilevski - lyrics, vocals on Side A

music written and produced by Vladimir Mitreski except track 6 which is written and performed by Block Out and reworked here by Anonymous Project

Side B is track 8-11 and is produced and written by Vladimir Mitreski aka Airless Project

Rest in Peace brother, I did all of this only because you had something more to say! See you in next life when we are both cats ;)

Peace to all!

license

tags

about

Airless Project Macedonia

~post-everything experimental music~
Vladimir Mitreski is a bedroom DIY electronic musician from Prilep, Republic of Macedonia, who started making music as 'Airless Project' in 2002, His style varies and evolves within his albums, and could be loosely described as ambient-influenced electronica with subtle touches of IDM, downtempo/chillout, abstract, glitch, post-rock and experimental. ... more

contact / help

Contact Airless Project

Streaming and
Download help

Report this album or account

If you like Шегата седна на WC шолја, you may also like: